
Финалето од Купот на Македонија меѓу Вардар и Струга Трим Лум се игра утре со почеток од 20 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Познати се и судиите кои ќе ја делат правдата. Главен судија ќе биде Игор Стојчевски од Скопје, негови помошници ќе бидат Дарко Јовчевски од Тетово и Мартин Петковски од Куманово, а пак четврт судија ќе биде Јован Качевски од Струга.
За првпат на Куп финале во Македонија, во ВАР собата ќе има странски судии односно Новак Симовиќ од Нови Сад и Урош Стојковиќ од Белград, Србија.
Победникот од финалето меѓу Вардар и Струга Трим Лум покрај тоа што ќе го освои Купот ќе обезбеди и „виза“ за излез во Европа.
Александар Ванев, М-Нет