
Објавени конечните резултати од страна на ДИК за Локалните избори 2021. Источниот регион во прв круг добива градоначалници на пет општини, а три од нив добиваат нови градоначалници. Општина Штип официјално го добива Иван Јорданов од ВМРО – ДПМНЕ за нов градоначалник на Општината.
Од останатите општини, нови градоначалници добиваат и Виница и Карбинци. И тоа Миле Петков од ВМРО – ДПМНЕ за Виница и за Карбинци, Виктор Паунов исто така од ВМРО – ДПМНЕ. Општините Берово и Делчево, пак, остануваат со актуелните градоначалници, за Берово – Звонко Пеќевски од СДСМ и за Делчево, Горан Трајковски од СДСМ.
Останатите општини од источниот регион ќе избираат градоначалник во втор круг помеѓу кандидати на ВМРО – ДПМНЕ и СДСМ.
На јавната седница од ДИК истакнаа дека приговор во Истокот при изборот на градоначалник нема поднесено во општините Берово, Виница, Делчево, Кочани, Пехчево, Пробиштип, Чешиново – Облешево и Штип. Додека, пак, за избор на членови во Советот има поднесено еден приговор во Штип.
Конечните резултати ќе бидат истакнати на веб – страните на ОИК и ДИК.
Ребека Спасова МНет