ОК на ВМРО – ДПМНЕ Штип со крводарителска акција го одбележа 23 Октомври

Одржана крводарителска акција во просториите на ОК на ВМРО – ДПМНЕ Штип по повод денешниот празник, 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. Од ОК задоволно истакнаа дека очекуваат ваква акција да се реализира секоја година традиционално.

„Денес на овој голем празник за македонскиот народ, 23 Октомври, кога ја празнуваме борбата на македонскиот народ, ОК на ВМРО – ДПМНЕ Штип во соработка со Црвен Крст Штип и Институтот за трансфузиона медицина организира крводарителска акција каде штипјани ја покажуваат нивната хуманост. Уште еднаш се покажува дека ВМРО – ДПМНЕ е хумана партија, партија којашто доаѓа од народот и се грижи за народот. Се надеваме дека оваа акција ќе стане и традиционална, односно секоја година на овој голем празник ќе се одвива во просториите на ОК во Штип“, истакнаа од партијата.

Крводарителската акција траеше од 9:00 часот наутро до 15:00 часот попладне и за тоа времетраење биле собрани повеќе единици крв, што покажа дека акцијата поминала задоволително.

Ребека Спасова МНет