
Денешниот есенски пазарен ден во Штип релативно задоволителен, со оглед на фактот дека имаше и раздвиженост и производи и купувачи. Витамини, овошје и зеленчук се нудеше на секоја тезга, а цените – добри на производите кои најмногу се бараа. Покрај празот и зелката кои се најкарактеристични за овој период од годината започна и сезоната на јапонското јаболко кое исто така може да се види на повеќето тезги во пазарот во Штип. Продавачите велат цените ги задоволуваат потребите.
„Има раздвижување и се очекува дека ќе има добар пазар. Цените се пристапни, така што нема покачување. Најмногу се бара зелката и јужното овошје. Зелката е 25 денари по килограм, ама квалитетна е. Сезоната почнува, ама знаеш како, додека не стаса тешко се троше. Има една нова сорта таканаречена чоколадна, таа ја земаат и од неа килограм е 40 денари.“
„Не е лошо, добро е, има народ. Цените се тие, зелката 25 денара, карфиолот 30, а два килограма за 50 денари, црвената зелка е 30 денари. Јапонските јаболка се 25 денари, ама ги нема толку многу. Годината беше лоша и не се роди многу. Сега е почеток, ама ќе се бара понатаму.“
„Имаме многу, 18 дрвца. Имаме јаболка, ама така ќе се скапат. Не е тешко за одгледување, треба само водичка.“
За поголем дел од купувачите на градскиот пазар во Штип цените по кои се нудеа производите денеска беа нормални.
„Добро е. Од сè по нешто, пипер, домати. Добри се цените, не се многу скапи.“
„Не е многу скапо, кој работе, не е скапо. Супер се, само да ги има. Инаку, кој нема работено, не знае. Јас и оваа година садев нешто, ама џабе работев.“
„Скап е, скап е. По 50 денари се јапонските јаболка. Скапи се, како не се, ама тоа е, мора да се јаде.“
„Цените се како минатиот пат. Па не знам, за нас со две пензии не е, ама има луѓе кои стварно не можат да земат.“
Освен производите кои најмногу се бараа за туршија, како зелка и карфиол, но и праз, пазарот изобилуваше и со овошје и зеленчук како домати, пипер, портокали и слично по цени достапни за секого.
Лаура Стојанова М-Нет