
И покрај тоа што изведувачот ги има сите потребни дозволи за изградба на мини хидроцентрала на Мала река, дозволите треба повторно да се испитаат – бараат од здружението Греен орг. Претседателката, Ана Симонова посочува дека иградбата на хидро централата ќе влијае доста негативно врз животната средина, околината и граѓаните. Потенцира дека државата, вклучително и Општина Кочани треба да ги почитуваат Законите кои се донесени и да ја запрат изградбата на хидроцентралата.
„Само на стоитна метри од границите на зоната за строга заштита тоа е Голема река е Мала река, ама и Мала река спаѓа во заштитено подрачје. Овде не е испитан делот колку ќе се наруши тој биодиверзитет, не е земено во предвид дека овде имаме ерозивно земјиште така што ќе се намали квалитетот на водата и квантитетот, ќе се нанесе трајна штета врз природниот потенцијал и биодиверзитетот на овој дел од Осогово.“ – вели Симонова.
Ако на Мала река се изгради мини хидроцентрала во тој случај ќе се намали водата во акумулацијата Брана – Градче, а истовремено ќе се намали и квалитетот на водата која се користи за наводнување на земјоделски површини децидна е Симонова. Додава дека повторно како здружение ќе се поднесе барање до Општина Кочани да се распише референдум и граѓани да се изјаснат дали се „за“ или „против“ изградбата на хидроцентралата.

„Не се предложени мерки во врска со намалување на штетните влијанија на оваа хидроцентрала туку се земени во предвид сечењето на шумскиот појас, а штетата од од сечењето на тој шумски појас не е нагласена дека овде имаме ерозивно земјиште. Тоа земјиште ќе ја наполни акумулацијата брана Градче и за две – три години во неа ќе немаме вода, а и квалитетот на водата нема да биде ист за надводнување за производство на храна. Ова се коси со Законот за води.“ – додава Симонова.
Од Општина Кочани одбија да коментираат, бидејќи надлежноста не во нивни раце.
Лаура Стојанова М-Нет