
Трендот кај дел од младите дека е подобро да си на марихуана отколку да пушиш циграри една од причините зошто оваа целна група во државата употребува дрога. Причинители зошто младите се одлучуваат да посегнат по марихуана се различни, но не и опрвадани. Нема точно определен начин како да им се укаже на младите дека не треба да користат вакви супстанци, но потребно е да се утврдат причините зошто се употребува дрогата, како и факторите кои ги влечат младите да користат опојни средства.
„Според анализите првични кои до сега ги имаме искажуваат дека се оддаваат на користење на фитамини и екстази или пак на марихуана од мода, некои го прават тоа само да не бидат социјално исклучени, други го прават заради анксиозност заради потреба да бидат хај итн. Но, има и такви кои веруваат дека всушност тоа е позитивна или добра работа и дури развиваат и тренд дека е подобро да си на марихуана отколку да пушиш цигари. Фактот дека ни едното ни другото не е добро, фактот дека заблудата која што се јавува кај младиот свет е присутна ја наметнува потребата сама по себе, да се работи на развивање на техники, но и развивање на поинакви облици на комуникација кои ќе ја подигнат свеста“ – кажа професор Методи Хаџи Јанев.
Начинот на кои се живее денеска придонесува за намалена комуникација меѓу родителите и децата, истовремно за тоа придонесуваат и онлајн медиумите од каде што најчесто малдите ги црпат информациите кои и не се секогаш позитивни. Со цел зголемување на комуникацијата, но и укажување на младите дека дрогата и опојните средства не им се пријатели денеска во просториите на згрдата на Општина Штип се одржа работилница за да се спречи прераното земање на дрога од страна на децата.
Ваква работилница до сега се одржа во Велес и Свети Николе, денеска во Штип, а за наредната недела е предвидено да се одржи во Кочани.
Лаура Стојанова М-Нет