
Некогаш се раѓало најубавото жито во нивите во село Киселица, делчевско, а денеска поголем дел од нивите се оставени празни бидејќи жителите немаат пристап до нив. Ова се случува откако патот кој постоел со години е узурпиран од страна на едно лице кое купило ниви околу и патот го затворило и насадило со сливи. Земјоделците револтирани велат нивите остануваат празни, а тие не можат да дојдат до нив од ниту една страна. Зоран Ѓорѓиевски вели проблемот е стар речиси три децении, маката иста, а решение нема. Патот некогаш водел до основно училиште кое се користело од страна на децчиња од некоолку села и сите до него стигале по патот кој денеска го нема.
„Тој патот го уништи, го посади насад и сега веќе тој пат не постои, а ни е потребен за повеќе маала овде во селото. Ние сега немаме никаква пристапност, до нашите ниви и до нашиот имот.“ – вели Ѓорѓиевски.
Собрале петиција, реагирале до сите институциите на локално и централно ниво, ама од ниту едно место не добиле позитивен повратен одговор и решение на нивниот долгоогдишен проблем.
„Бевме во Делчево, во сите институции, бевме во Министерството за земјоделие они велат дека не е во нивна надлежност оти е до државни патишта.“ – додава Ѓорѓиевски.
М-Нет телевизија се обрати до сите надлежни институции надлежни за проблемот, при што се очекуваат соодветни одговори.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет