Зелник по стар рецепт и лепче со паричка неизоставен дел од Бадниковата трпеза

Зелник подготвен по стар рецепт и лепче со паричка се неизбежен дел од Бадниковата трпеза. Во очи на празникот граѓаните веќе се подготвуваат, сами подготвуваат или пак купуваат зелник. Стар обичај кој се продолжува со години и верување дека зелник или банца, лепче и погача со паричка се симболи на самата Бадникова трпеза. Најголем дел од повозрасните граѓани во Штип сѐ уште дома сами подготвуваат зелник, како и лепче со паричка за Бадник.

И додека од една страна повозрасните граѓани сами подготвуваат, помладите избираат да си купат зелник. За тоа говори и фактот дека расте бројот на порачки во пекарите, кои подготвуваат вкусен зелник и лепче со паричка.

Добро познат рецепт, љубов кон она што се работи и пред се умешност се најважни за да се подготви еден добар зелник. Значајна улога игра и брашното, но од пекарите велат дека се добро подготвени з да примаат порачки и испорачаат добро направени зелници.

Бадниковата трпеза се подготвува посна, а освен зеникот и лепчето со паричка, неизоставен дел е и бадниковото гранче кое масовно се поставува во домовите на граѓаните.

Лаура Стојанова М-Нет