Зелката се троши како ,,топол леб“ на пазарот во Штип, се бараше и зрновски праз

Зелката се троши како топол леб на пазарот во Штип, граѓаните купуваат во големи количини. Иако поселден ден од месец октомври, сепак купувачите ги полнеа торбите. Велат цените реални, а квалитетот е навистина добар. Се купуваше и зрновски праз, свежа марула, млад кромид, тиква. Есенски, денешниот петок вриеше од народ.

На тезгата на чичко Раде и денес навалија купувачите, а тој стугајки раце и ова утро расположен како и вообичаено. Вели денес особено пад има на цената на боранијата и брокулата.

Инаку, овој петок се продаваа и дрвени бркалки за зимница, сушени чаеви, зимница за оние кои не напрвиле, свежи јајца, плетени чорапи и есенски производи со кои месец октомври е незамислив.

Иван Митев, М-Нет