
Детонит Плачковица слави минимална, но важна победа над Осогово во Кочани откако мечот го реши Филип Ѓорѓиевски за победа од 0:1.
Тренерот на радовишкиот тим, Горан Здравков вели дека во Кочани заминале со една цел – да се вратат во Радовиш со цел „плен“.
„Одиграме доста добар натпревар, дисциплиниран, сите фудбалери дадоа свој придонес во оваа важна победа за нас. Бевме доминантни во текот на сите 90 минути, имавме одлично судење кое што морам пофалам. Едноставно ја заслуживме победата. Натпреварот го одлучи само еден гол, иако имавме уште три до четири сто процентни шанси, противникот исто имаше свои моменти во текот на натпреварот, кои што не ги искористи. Сакам да се заблагодарам за гостопримството од страна на домаќинот – Осогово, а ние продолжуваме понатаму да се сконцентрираме и фокусираме на наредните натпревари“, речи Здравков.
Александар Ванев, М-Нет