
Детонит Плачковица со 1:3 славеше на гостувањето во Кочани кај Осогово, во рамки на вонредното 4. коло на Втората лига, а по мечот изјава за М Нет даде тренерот на радовишани, Горан Здравков за мечот.
“Одличен меч важни беа бодовите за нас, имавме доста мотивиран противник кој имаше желба за надигрување и тоа ни оставаше простор за игра. Имавме 5 до 6 шанси, 3 реализиравме. Искрено и домаќинот имаше шанси, нашиот голман беше одличен и тој е херојот на мечот. Брзиот гол не извади од баланс, но потоа се вративме во игра. Атмосферата е одлична и позитивна. Честитки до моите играчи за одличната игра и триумфот. Сега мораме да се одмориме за следниот меч против Кожуф в сабота на гостински терен”, изјави Здравков.
Во следното 6. коло кое се игра веќе во сабота, Детонит Плачковица ќе гостува во Гевгелија кај Кожуф.
Александар Ванев, М-Нет