
Брегалница денес триумфираше на гостувањето во Скопје кај Работнични со минимални 0:1. Стрелец на единствениот погодок беше Иван Николов во 4. минута од средбата одиграна на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари. Победата беше прославена со верната „Фаланга“ и верните навивачи.
Тренерот на Брегалница, Горан Здравков, за телевизија М Нет, вели дека е задоволен од прикажаното, од играта на фудбалери, упати благодарност до верните навивачи и верната „Фаланга“ за поддршката.
„Задоволен сум од прикажаното, одлична игра и победа. Момците покажаа како се бранат боите на клубот. Честитки за нивната игра, одиграа одлично, судиите на највисоко ниво си ја одработија задачата. Одигравме еден отворен натпревар со добар противник, и двата тима имавме свои периоди во натпреварот, ние ги искористивме нашите шанси и моменти. Благодарност за поддршката од верните навивачи и верната Фаланта“, вели Здравков за телевизија М Нет.
Брегалница во следното коло на домашен терен ќе се соочи со тетовска Шкендија.



