За само три месеци ЈП Стиипон е во добивка од над седум милиони денари

За само три месеци, и покачени цени на електирчна енергија, горива и материјали штипското ЈП Стипион бележи добивка од над седум милиони денари. Ова според директорот на претпријатие Игор Ефтимов се должи на проектите кои се работат во претпријатието, а благодетот од истите ги чувствуваат сите граѓани во Штип.

„Денес на точка на дневен ред на Советот на Општина Штип се усвојувањето на финансиските извештаи, кварталните на ЈП Стипион. Се работи за месеците јануари, февруари и март. Иако знаеме дека трошоците се драстично зголемени еве за пример, доколку сме плаќале 60 илјади денари за електрична енергија сега плаќаме повече од 250 илјади денари, за гориво сме плаќале 444 илјади денари, сега имаме повеќе од милион денари. Но , со зголемување на ефикасноста на вработените и сработување на многу проекти можам да кажам дека сме повеќе од седум ипол милиони денари во добивка.“ -кажа Ефтимов.

Ефтимов истакна дека во овој момент и покрај тоа што финансиските средства дозволуваат, потреба за нови вработени во претпријатието нема.

„Сите оние прокети кои ги видоа граѓаните на Општина Штип, значи оние спортско рекреативни центри, правењето на потпорни ѕидови, крпењето на ударни дупки сите оние работи кои беа сработени од страна на ЈП Стипион се преточени во овој финансиски извештај и може да заклучиме бидејќи со овие вработени го гледате финансискиот извештај сметаме дека нема потреба од дополнително вработување на нови лица“ – додаде Ефтимов.

Екипите на ЈП Стипион постојано се на терен, а се завршуваат повеќе проекти во градот, како крпење на ударни дупки, нови паркови, атмосферски решетки и канали и слично.

Лаура Стојанова М-Нет