За првпат две улици во село Радање добија асфалт, парите се обезбедени од Општина Карбинци

За првпат асфалт добија две улици во село Радање. Со асфалтирањето денеска завршија активностите на терен на најавените пакет улици од кои две во село Радање и една во село Долни Балван. Со речиси еден ипол милион денари пари обезбедени од Буџетот на Општина Карббинци се подобрува инфраструктурата во овие населени места, потенцираше градоначалникот Виктор Паунов.

„Денес за првпат овие две улици добиваат асфалт. Селото Радање е место кое има потреба за решавање на инфраструктурните проблеми. Овие две улици се дел од пакетото најавен претходно и со вредност од 1.400.000 денари. Вкупната должина е 350 метри“ – вели Паунов.

Во меѓувреме се работи и на неколку останати проекти на територија на Карбинци. Се реконструираат спортски и детски игралишта, се работи на пристапниот пат кон филтер станицата, а во наредните неколку дена се очекува да започне и реконструкција на училишната зграда во село Таринци.

„Паралелено работиме на изградба на новиот резервоар во Таринци, две нови детски игралишта во селото Таринци, како и спортско игралиште во село Долни Балван. За неколку дена почнува реконструкцијата на училишната зграда во Таринци“ – додава Паунов.

Со вакви активности на терен Паунов истакна дека се вложува во инфраструктурата и се решаваат клучните проблеми кои ги имаат граѓаните.

Лаура Стојанова М-Нет