
Завршувањето на зимските празници покажаа дека на трпезите местото е застапено се помалку и се поретко. Високата цена пред се е главната причина поради која граѓаните купуваат многу помалку. Како што велат тие некогаш се купувало со килограми, денеска само за проба. И понатаму најлуксузно месо е јагнешпкото бидејќи неговата цена и понатаму држи рекорд со над 600 денари за килограм.
И додека од една страна граѓаните се помалку купуваат месо, одгледувачите на стока далеку од задоволни. Велат јагнињата се откупувале по цена од 260 до 280 денари, за килограм, а многу поскапо се продаваат по месарниците. Токму затоа се намалува и бројот на луѓе кои се занимаваат со сточарство. Слична е ситуацијата и со одгледувачите на свињи, чија цена за жива мера не е променета подолг временски период.
Лаура Стојанова-Ќирчов, М-Нет