За непочитување на новиот закон поригорозни казни за граѓаните

Од денеска забрането е групирање на отворено на повеќе од четири лица по 22 часот, а казната за непочитување на оваа мерка е 500 евра. Најновите изменитe на Законот за заштита на населението од заразни болести кои предвидуваат  високи казни од денес ке ги санкционира и оние лица кои на отворено нема да имаат заштита на лицето. Штипската јавност смета дека законот е во ред и дека секој треба да носи маска и кога е на дистанца и кога е сам на отворен простор а за висината на предвидените казни   сметаат дека  е мала и дека санкциите треба да се уште поригорозни.

И склучок од оваа мерка се лицата што активно спортуваат, децата под шест години и лицата со посебни потреби. Носењето маска не е потребно при возење во приватно патничко возило ако возачот е сам или со лице со кое живее во заедницата, при престојување во двор во семејна куќа со лица од истата семејна заедница или во угостителски објект каде што се применуваат специфичните протоколи за заштита.

Овие мерки и досега беа  применувани , но и практикувани во случај кога некој од семејството боледува од коронавирусот.Дел од овие искуства се споделуваат со цел да се нагласи значајноста на превентивата и здравиот начин на живот.

Измените на законот предвидуваат и  забрана на групирање повеќе од четири лица на јавен простор по 22 часот, како и задолжителна самоизолација од моментот на закажување на тестот до добивање на резултатот. Во случај тестот да е позитивен, лицето останува во изолација.

За прекршителите на членот од законот што ја регулира самоизолацијата, предвидена е казна од 50 евра, за неносење маска казната е 20 евра. Ова се дел од ставовоте на жителите на градот во кој сепак се практикува мирниот и послушен менталитет. Короната и постојаното медиумско бомбардирање на јавноста, воведувањето на ригорозни мерки во изминатите 9 месеци предизвикува инциденти. При обид да воспостави ред припадник на обезбедување во Чикаго кога од една жителка побарал да стави маска и средство за дизинфекција на рацете пред да влезе во маркет се здобил со 27 убоди од нож .Жената го избодела обезбедувањето со образлозение дека и здодеало да го трпи притисокот на властите кои инсистираат на воспоставување на ред со цел заштита на здравјето.Според Штипјани ова не е карактеристично за македонскиот менталитет.

Иако се работи за инцидентни случаи пораките на лекарите кои се грижат за менталносото здравје на населението се однесуваат на тоа да функционираат поедноставно, да неподлегнуваат на притисоци и сосема свесно да го практикуваат она кое законски се бара од нив.

М Нет Маре Стојилова