Штипска перцепција за корупција и заштита на дојавувачи

Предизвикувајки крупни и негативни последици во општевството корупцијата автоматски ги крши сите универзални принципи на еднаквост на сите грагани пред Законот. Незаконското користење на општевствена, локална или државна моќ го прави обичниот човек  целосно скршен бидејки во најмала рака се напуштаат добрите навики. Дали штипјани сметаат дека оваа непосакувана појава е наметната и им ја уништува представата за мирен и достоинствен живот кој на некој начин треба да им биоде загарантиран со самото тоа што припага на определена законски уредена функционална  заедница,односно дали според нив има зачестеност на коруптивни појави од најниско до највисоко скалило.

Подмитување, проневера, перење на пари, правење отстапки од  строго дефинирани правила на однесување корупцијата во духовна смисла значи  морална нечистотија или отстапка од идеи. Централизираната корупција најчесто се срекава кај личности запослени во државен или локален сектор, статус кој го користи за лична корист. Но оваа состојба најчесто е невозможно да се обелодени и докаже. Во поголем случај  коруптивната активност  се спроведува без или евентуално со еден сведок и секогаш и двете инвоплвирани старни се во добивка.Можеби затоа обичниот човек  е на став дека има сознанија  за ова негативна појава ама во себе си ги држи и за нив не сака да говори отворено. И најчесто некој друг ни е виновен. Од каде дошла навиката за коруптивно однесување?

И додека кај нас дома на укажувачите или на „свиркачите“ се гледа како на „кодоши“, во демократскиот свет овие лица се сметаат за лица со висок морален интегритет и затоа се заштитени преку разни закони. Пријавате за корумпирани појави, граѓаните можат да ги изнесат пред и во МВР, кај Народниот правобранител, во Јавното обвинителство и во Државната антикорупциска комисија. И покрај заложбите на антикорупциските протагонисти наместо засилување на мерките за борба против оваа појава се случува предлог закон за намалување на казните на оние кај кои ке се пријави коруптивна дејност а тие наместо да ги држат таквите имиња во тајност ги обелоденуваат .Пракса која е спротивна на делувањето во согласност нормите во ЕУ

М Нет Маре Стојилова