
За месец дена се очекува да биде донесен законот за заштита од пушење цигари, потврди министерот за здравство Азир Алиу на денешната прес конференција. Тој цени дека со овој закон, Македонија ќе биде препознаена за неколку години во Европа. Кажа дека истиот во вторник ќе се разгледува на владината седница, а потоа ќе биде процесуиран во собрание.
,,Одам во Влада, имаме уште една институција која што треба да се помине, значи владина процедура. Во вторнк ќе биде на седница на Влада законот, а после тоа истиот ќе биде процесуиран понатаму во собрание. Ценам дека не повеќе од месец, максимум месец ипол законот ќе биде процесуиран, така да , сега за сега немаме ни една точка која што не е завршена. Имавме неколку состаноци со сите заинтересирани страни. Сите забелешки седнавме и ги анализиравме и од научна гледна точка и од аспект на економски, инфраструктурни, созијални и здравствени и на крај со задоволство можам да кажам дека сите отворени прашања се затворени и немаме некои прашања поврзани со законот. Ценам дека нашата држава ќе биде препознаена и во Европа “, рече Алиу
Министерот Алиу е дециден во рестораните со две отворени страни на терасите, може да циркулира чист воздух, а тоа се и условите на светската здравствена организација со цел има чист воздух.
,,Според светската здравстве организација имаме дефинирани услови со цел да има чист воздух. Ние направивме научна анализа , како може и кој се максималните и минималните услови за да може просотрот да се третира како простор за пушење или простор кој не се дозволува за пушење и дојдовме до заклучок и од научната афела и од експертите во здравството, дека со две отворени страни просторот односно терасите можат да си дозволат да се пуши, заради тоа што се чисти воздухот. Но од другата странаа и од економска гледна точка.“, додава Алиу
Министерот и понатаму е согласен дека за две, до три години исто ќе имаат прес конференција за намалување на пушачите во државата. Од над 45 проценти, тој се надева дека таргетот ќе се тави под 20 проценти.
Иван Митев, М-Нет