За асфалт се подготвува дел од улицата „Ванчо Китанов“ во штипската населба Сењак

Дел од улицата „Ванчо Китанов“ во штипската населба Сењак 4, денеска се подготвуваше за асфалтирање. Локалната самоуправа ја започна реализацијата на оваа активност како дел од годишната Програма, а градоначалникот Јорданов, кој беше на увид на градежните работи, посочи дека истата е по барање на тамошните жители.

„Во изминатиот период како резултат на комуникацијата со нашите сограѓани нотиравме десетина краци од улици, коишто ги ставивме во Програмата за уредување на градежно земјиште и веќе започнуваме со нивно третирање и асфалтирање. Еден таков крак е и улицата „Ванчо Китанов“, односно дел од оваа улица, којшто досега не бил опфатен со асфалтна маса. Станува збор за десетина куќи коишто имаа проблем со уредувањето на нивните влезови. Денес започнавме со подговителните активности, а во наредните денови ќе се нанесе и асфалтниот слој“, истакна Јорданов.

За асфалтирањето на овој дел од улицата „Ванчо Китанов“ ќе се нанесе асфалтна маса на површина од 300 м2. Целата активност е инвестиција вредна 300.000 денари, пари обезбедени од општинскиот буџет.

Ребека Спасова М-Нет