Започнува Велигднескиот пост – денеска е Чист понеделник

Големиот Велигденски Пост, најдолгиот и најважниот во православната вера, започнува денеска, 18 март, а завршува со празникот Воскресение на Исус Христос, кој годинава се празнува на 5 мај. Постот се троши во молитва, простување, покајание и подготовка за причест, што е круна на тоа доброволно откажување. Свештениците и свештените лица се оставени да ги решаваат и ублажуваат обврските на верниците кои поради возраст, здравје или вид на работа не можат да ги почитуваат правилата на постот.

„Почнуваме со Великите пости кои според типикот пропишан од православната црква се постат на следниот начин: од понеделник до петок ссе пости на вода, не се употребува масло, сабота и недела е благословено масло и вино. На празниците Благовештение и Цветници е благословено употреба и на риба. Од оваа шема на постоење има ублажување за почетници во посетење, луѓе кои работат тешка физичка работа, патници, бремени жени, доилки.“ – вели Арсовски.

Постот не е гладување, ниту занемарување на трпезата, туку, пред сè, тој е морално и етичко изразување на вистинската љубов кон Бога и Синот Божји, кој преку своите страдања и својот живот во вера ги утврдил вредностите на христијанството, како и израз на љубов кон ближните.

„Воздржувањето од храна само по себе не е смртоносно. Она што е најважно е повеќе да работиме на самите себе, да имаме период на засилена молитва, на правење добри дела. Кога се зборува за постот се вели ако сакаш да постиш како што треба, треба да се направи сметка колку чини оброкот за месо, и остатокот од трошокот дај им го на сиромасите.“ – додава Арсовски.

Според традициите и обичаите, првите три дена од велигденскиот пост уште се нарекуваат и тримери, односно денови во кои не се консумира ниту храна, ниту течност.

Лаура Стојанова М-Нет