Започнуваат второлигашките фудбалски возбудувања, на истокот дерби Осогово – Каменица Саса

Конечно се изврши ждрепката и се одреди распоредот на натпреварите во Вторите фудбалски лиги на Македонија, Исток и Запад. Ова ќе биде последна сезона со ваков изглед бидејќи од наредната сезона ќе се формира единствена Втора лига составена од 16 екипи. Уште на стартот се издвојуваат неколку натпревари кои го привлекуваат вниманието на фудбалската јавност а најновите вести велат дека ќе има и публика на трибините. Во Кочани ќе се сретнат старите ривали Осогово и Каменица Саса, a во Прилеп ќе играат Победа и Кит Го. Еве ги комплетните двојки за ова прво коло:

  1. Слога В – Братство
  2. Осогово – Каменица Саса
  3. Локомотива – Кожув
  4. Победа – Кит Го Пехчево
  5. Детонит – Беласица

Сите натпревари ќе се одиграат во среда 25 август 2021 г. со почеток во 16.00 часот.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk