Започна реконструкција на канализационата мрежа на булеварот Партизанска во Штип

Со 900 илјади денари пари од Буџетот на Општина Штип денеска започна реконструкцијата на главната канализациона мрежа на булеварот Партизанска. Деценискиот проблем со поплавени подрумски простории во околните згради ќе биде решен, дециден е градоначалникот Иван Јорданов. Истакна дека по направениот увид на лице место констатирани се недостатоци и истите ќе се надминат.

„Станува збор за нова канализациона фекална линија во должина од 150 метри, инвестиција на Општина Штип преку ЈП Исар со што ќе се реши долгогодишен проблем кој ни го посочија жителите од станбената единица. Морам да напоменам дека ваквиот начин на темелно решавање на проблемите ќе продолжи и во наредниот период и во останатите населби, затоа што проблемите кои се таложеле со години наназад мора да ги решаваме без разлика што за нас и за ЈП Исар се финансиски издаток“ – вели Јорданов.

Во наредните шест до десет дена екипи од ЈП Исар ќе бидат на терен и во зависност од временски услови ќе се работи на реконструкција на канализационата мрежа и решавање на проблемот на граѓаните од овој дел од градот.

„Констатиравме дека во зградата на Партизанска 48 има отвор во подрумскиот дел и од таму се излева односно се потопува подрумскиот дел со отпадни води. Пристапивме веднаш, изготвивме техничко решение и денес ќе извршуваме реконструкција на главна канализациона мрежа со профил фи 315.“ – додава Коцев.

Жителите од градите задоволни од она што се работи на терен.

По завршување на канализационата мрежа ќе се пристапи и кон реконструкција однонсо асфалтирање на оној дел од булеварот Партизанска кој ќе биде оштетен.

Лаура Стојанова М-Нет