Најголемата паника од земјотресот ја предизвикале мобилните уреди, дециден е професор Димов

Земјотрес со магнитуда од три и интезитет од четири степени ноќеска почувствуван во Штип. Неколку часа по полноќ, вибрирале прозорците и вратите, лустери во домовите, а дел од граѓаните ноќта ја поминале на отворено. Ама, земјотресот бил со слаб интезитет и не толку опасен, вели професор Ѓорѓи Димов. Според него ваков вид на потрес е очекуван за овие подрачја, и покрај тоа што Штип се наоѓа во втората зона за земјотреси.

„Тоа е земјотрес кој се очекува и е релативно, не чест туку очекуван за овои простори, околината на Штип која спаѓа во последното макросеизмичко зонирање, зона два. Имаме зони од еден до пет, зона пет каде се случуваат најмногу земјотреси е зоната на Дебар, на Пехчево, Валандово.“ – вели Димов.

Епиценатрот бил во Караорман, па го почувствувале граѓаните од Сењак, Дуизлак, Баби, но и оние во ценатрот на Штип. Но, според Димов најголемата паника е предизвикана од мобилните уреди, кои ноќеска предупредувале и вибрирале за граѓаните на време да се спасат од земјотресот.

„Паника предизвикале мобилните уреди. Тие не се фундирани на на начин на кој се фундираат сеизмолишките инструменти. Даваат поголеми вибрации и тоа предизвикува паника. Може да замислите во 02:40 часот да ви заѕвони телефон и да видите дека има интезитет четири ипол.“ – додава Димов.

Димов вели дека инфрастурктурни проблеми од земјотресот нема, децидно додавајќи дека зградите во Штип може да издржат и поголеми потреси. Советува да не се крева паника поради земјотресот, иако се можни помали афтершокови.

Лаура Стојанова М-Нет