
Започна градежните активности за реконструкција на сервисна улица во село Таринци. Станува збор за проект кој се реализира од страна на Општина Карбинци, финансисран од Влада со пари од Унгарскиот кредит. Како што посочи градоначалникот, Викор Паунов, ова е меѓу првите проекти во регионот кој почнува да се реализира, а оваа улица ќе овозможи полесно движење и подобри услови за жителите од овој дел.
“Денес се наоѓаме во село Таринци при О. Карбинци на локацијата каде што почнуваме да го реализираме проектот кој што е финансиран од страна на Владата преку унгарскиот кредит. Мислам дека е еден од првите проекти во регионот или во државата кој што еве започнува коечно да се реализира по подобрување на временките услови. Се работи за сервисна улица пет во село Таринци, која што изнесува вкупно 12 милиони 300 000 денари со вклучен ддв, од кој што општината кофинансира некаде околу 20 проценти, а остатокот од 9 милион 250 000 е во рамките на договорот со минисерството за транспорт и врски, владата, од унгарскиот кредит. Се надевам дека со реализација на овој проект, ќе подобриме значителен дел од условите за живот на населението овде во селото.“, вели Паунов
Освен оваа улица со која практично се започнуваат активностите во 2025 година, Паунов истакна дек претходната се работело многу на патната инфраструктура, а тоа го покажуваат и асфалтираните улици во повеќе населени места во Општина Карбинци.
„Се работи за една главна улица, за еден крак од гавната улица, која што е и те како важен за овдешните жители и за населението. Она што можам да го кажам е дека во изминатиот период, односно 2024 година општината реализираше низа на проекти, кој што се дел пред се од патната инфраструктура, која што за информација во изминатата година се асфалтираше повеќе улици село Карбинци, село Радање, Аргулица, Горни и Долни Балван, Кучица, Оџалија и сл.“, додава Паунов
Со забрзано темпо на реализација на проектите се продолжува и во 2025 година, дециден е Паунов. Ќе се работи на реализирање на проекти со кои ќе се подобри патната инфраструктура, но и условите за живот во Карбинци.
Лаура Стојанова М-Нет