
Нов кружен тек добиваат граѓаните во Штип. Кружна крстосница ќе се формира на улиците Маршал Тито, Гоце Делчев, Кеј Димитар Влахов и мост над река Отиња во Штип.
Според граѓаните во Штип, се што се прави добро е. Велат дека нов кружен тек на оваа локација е потребно и веруваат дека со ова ќе се намали гужвата во сообраќајот во централното градско подрачје во Штип.

Изградбата на нов кружен тек е прокет на ЈП Стипион Штип, а според градоначалникот Јорданов се очекува да се заврши во наредните неколку денови. Кругот за кружниот тек и разделните сообраќајни острови ќе бидат формирани од ПВЦ елементи. За време на работите сообраќајот ќе се одвива отежнато и со регулација. Оваа инвестиција е во вредност од околу четири милиони денари пари издвоени од Буџетот на Општина Штип.
Лаура Стојанова М-Нет