
Деновиве треба да се достави до Владата на усвојување нацрт верзијата на Законот за дивоградби, по што се очекува да оди на усвојување со што треба сите засегнати заинтересирани страни да земат активно учество, внимателно да се разгледа текстот бидејќи се направени поголеми дополнување, истакна денеска од Кочани, Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.
„После сите опслужни консултации кои ги имавме и со Асоцијација на архитекти и со Комора на овластени инжињери и архитекти, со дел од политичките партии, во еден од аспектите би сакал да напоменам дека заштитените зони и подрачја кој што во претходниот Закон беа третирани сега се целосно исфрлени. Секако аспектот на проширување на границата на оние категории на граѓани кои што имаат ниски примања за да не плаќаат давачки кон општините исто така за комунален надоместок ќе се прошири и опфати“ – истакна Благој Бочварски, Министер за транспорт и врски
Законот за легализирање на дивоградби се носи за семејствата кои имаат потреба од кров над глава, а не за луксуз. Оние кои имаат поголема квадратура на објектот кој што сакаат да го стават во правна рамка ќе се наплаќа комунален надоместок по повисока стапка над одредена квадратура која ќе биде зацртана, дополни Бочварски. Станбените згради кои се со А2 намена нема да се третираат и нема да може да бидат ставени во правна рамка е исто како и во претходниот Закон.
Лаура Стојанова М-Нет