
На 24. март, понеделник, во просториите на Ракометната федерација на Македонија ќе се оддржи извлекувањето на Купот на Македонија во машка конкуренција елиминации, како и за Првата машка лига (плеј-оф и плеј-аут) натпреварувачки броеви. Извлекувањето е закажано за во 12 часот.
Веќе се познати сите екипи кои ќе настапат во плеј-офот каде ќе се разигрува за влез во Суперлигата и плеј-аутот каде ќе се игра за престиж со оглед на тоа што нема испаѓање.
Во плеј-офот се екипите на Еурофарм Пелистер 2, екипа која е главен фаворит за експресно враќање во Суперлигата, Мулти Есенс, Металург РА, Овче Поле од Свети Николе и Јехона од групата А, додека пак од групата Б се екипите на Младост од Богданци, Драчево, Македонија ЃП, Вардар Неготино и Скопје.
Што се однесува до плеј-аутот таму ќе бидат екипите на Кичево, Аеродром и Астраион од групата А, а пак од групата Б тоа ќе бидате екипите на Партизан, Шампион, Текстилец од Штип и екипата на Преспа од Вардар.
Како што е познато првопласираниот тим во плеј-офот обезбедува директен влез во Суперлигата, а пак екипата која ќе биде втора во плеј-офот на Првата лига ќе игра бараж за можен влез во ракометната елита со екипата која ќе биде претпоследна во плеј-аутот на Суперлигата.
Александар Ванев, М-Нет