Утре најтажниот ден во Штип и Македонија, ќе бидат погребани петте штипски жртви

Телата на пет те штипски жртви од трагедијата во Кочани ќе бидат изложени утре на различни локации во градот. Телата на младите Дамјан Таневски и Филип Ивановски ќе бидат изложени во градскиот соборен храм Св. Никола во периодот од 9 до 11 часот. Телата на Филип Стеванвоски и Александар Коларов во црквата на успение на Пресвета Богородица во Ново Село, во истиот термин, додека телото на Александар Ефремов ќе биде изложено во црквата Св. Тројца кај капелата во Штип во истото време. Се информираат и повикуваат сите граѓани, кои сакаат да оддадат почит и последен поздрав со загинатите. Инаку, влезот на гробиштата ќе биде по патот за живинарска фарма, а сообраќајот ќе го контролираат полицкиските службеници од СВР Штип. Учениците и останатите ќе бидат превезувани со автобуси, а на погребот ќе присуствува и митрополитот брегалнички г. Иларион.

Иван Митев, М-Нет