Заев задоволен од довербата од 62 пратеника, но може и подобро

Собранието вчера поладне изгласа доверба во Владата по претходно усно барање од премиерот Зоран Заев. На сединцата не присуствуваше најголемата опозициска партија, а довербата беше донесена едногласно од 62 пратеника. Ова е мотив плус за Заев како и задоволство бидејќи по ширењето гласини во јавноста во изминатите неколку месеци дека Владата не ужива доверба тој беше првиот премиер кој тоа го побара и доби.

„Јас сум среќен и благодарен за поддршката од мнозинството во Парламентот. Но, пред се сум благодарен што сите овие облаци и еизвесност ја тргнавме од граѓаните.„ – кажа Заев.

Но колку довербата во Владата со 62 пратеника може да издржи 4 години? Последните две гласања се по 62 пратеника. Заев согласен дека подобро е доколку има поголемо мнозинство.

„Поубаво е мнозинството да е поголемо од 62 пратеника, полесно е, ама вака не држи будни. Претходниот пат почнавме со 62, завршивме со 67, за некои работи имаше и 81 како што беа уставните промени, Законот за јавното обвинителство, за одбраната итн. Ама цел овој период кога бевме 67 некој пат по 59, 61 имаше поради различни причини, така да тоа е релативна работа“ – соопшти премиерот.

Меѓутоа сеуште постојат заглавени закони во парламентот и премиерот изрази жал за таквата состојба, пред се затоа што се работи за важни Закони кои останаа заглавени.

На основа на проекти, визија, одговорност и работа Заев очекува парламентарното мнозинство да расте.

Лаура Стојанова М-Нет