Задоволителен пазарен ден за штипјани и за купувачите и за продавачите

Солидни и не многу високи цените на последниот пазар во штип пред задушница. Граѓаните велат дека цените били идентични и претходниот петок, со што може да си дозволат да пазаруваат за Задушница, но и за секојдевни нивни потреби.

Продавачите пак со поделено мислење. За едни овој петок поминал одлично, побарувачката била задоволителна а и цените исто така. Меѓутоа за други цените ниски а побарувачката слаба.

Пазарот пред задушница се купуваат и глинени производи. Продавачите велат најмногу се барале бардачиња, но имало потошувачка и на останати глинени проиводи. Цените и овде приспособени на Буџетот на граѓаните, а најефтиниот глинен производ бил со цена од 30 денари.

Инаку, посетеноста на градскиот пазар во Штип денеска беше задоволителна, посетеност имаше пред се заради подготовките на граѓаните за Здаушница, но и заради тоа што денеска е неработен ден.

Лаура Стојанова М-Нет