Завршени основните подготовки за реализација на штипски „Макфест“

Завршени основните подготовки за реализација на овогодинешниот штипски музички фестивал Макфест. Завршен е изборот на композиции, фестивалот како и претходната година ќе се одржи во Дом на култура „Ацо Шопов“ Штип, останува уште да се утврди точната дата која ќе биде кон средината на месец октомври. И оваа како претходната година фестивалот го финансира Општина Штип, откако средствата кои ги понуди министерството втора година по ред се одбиени.

„Оваа година општината сама ќе го организира овој фестивал. Очекувам да произлезат добри мелодии кои ќе ја збогатат музичката сцена. Ќе настапуваат и веќе афирмирани музички имиња, но и дебитанти коишто ќе се промовираат на македонската музичка сцена. Ќе се одржи кон средината на месец октормви во Дом на култура „Ацо Шопов“. Основните подготовки веќе се направени, завршен е изборот на композии, останува само да се дефинира точно датумот.“ – вели Јорданов.

Оваа година од Министерството за култура беа додели 400 илјади денари за штипски Макфест, пари кои од страна на Јорданов беа одбиени. Како што истакна пред половина година срамно е на ваков реномиран фестивал да бидат доделени само 0.05% од целиот колач.

Тогаш одговор имаше и од министерството од каде посчоја дека се опаѓа квалитетот на фестивалот и токму затоа се намалува и сумата кој се доделува за истиот.

Инаку, со настан како Макфест кој се организира редовно секоја година во Штип градот добива посебен белег по кој се памети, вели Јорданов. Како и претходно очекува посетители од регионот, но и од цела држава.

Лаура Стојанова М-Нет