ЖРК Овче Поле СУ од Свети Николе ја темпира формата за новата сезона во Претор

Женскиот ракометен клуб Овче Поле СУ од Свети Николе ја темпира формата за новата сезона во Првата лига во прекрасниот Претор.

Клубот кој договори неколку засилувања за новата сезона сега ја подига формата во живописниот Претор, каде во комбинација со уживање во Преспанското Езеро, свежиот воздух значително се подига не само формата туку и хемијата во клубот односно се зајакнува тимскиот дух, а се подобрува енергијата и мотивацијата за новата сезона.

Клубот од Свети Николе во новата сезона ќе настапи во новоформираната Првата женска лига, а каде ќе настапат седум екипи, освен Овче Поле СУ ќе настапи Шампион, Јехона, Атлетик, Ѓорче Петров 2, Стружанка и Деспина.

Во рамки на првото коло екипата на Овче Поле СУ на домашен терен во Свети Николе ќе се соочи со Ѓорче Петров 2. Новата сезона во Првата женска ракометна лига ќе започне на 5 односно 6 септември со натпреварите од првото воведно коло.

Александар Ванев, М-Нет