
Жителите од населба „Трајаново трло“ во Кочани утринава излегоа на мирен протест со барање да биде прекинат процесот за изградба на типски куќи во нивната населба за домувањето на граѓаните кои живеат во Страта касарна во Кочани. Во протестор учествуваат и граѓани од населбите „Усова чешма“ и „Шатровик“. Со пароли на кои беше испишано „Само преку нас мртви“, се стопираше механизацијата која веќе започна со чистење на просторот од ѓубре за да може да се отпочне со реализација на изградба на типските куќи.
Барањата беа претставени и пред градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев, и барањата упатени до Советот на Општина Кочани да се стопира овој процес. Илијев истакна дека моментално процесот ќе се стопира и повторно ќе се разгледаат барањата на граѓаните на следната седница на Советот на општината.
Граѓаните од населба „Трајаново трло“ во Кочани претходно протестираа заради големиот број на кражби кои се регистрираше во нивната населба, а пред недела дена со писмо до медиумите побараа решениее и за палењето на депониите.
Лаура Стојанова М-Нет