
Непречено ќе продолжи масовната вакцинација со руската вакцина „Спутник В3 во нашата држава, иако датумот на пристигнување на нови пратки вакцини сеуште не е точно познат. Ова денеска го потвдри рускиот амбасадор, од Штип.
„Во март оваа година рускиот фонд за директна инвестиција потпиша договор со Министерството за здравство, со кој се предвидува снабдување со 200 илјади вакцини „Спутник В“. Вакцината е направена за 100 илјади граѓани. До денес испорачани се 6 илјади дози, и се работи на испорака на останатите вакцини“ – истакна Баздникин.
Инаку од денеска започна масовното вакцинирање на наставниците од прво до трето одделение во саката „Борис Трајковски“ во Скопје. Вакцинацијата се одвива етапно односно здравствените работници со однапред закажан термин ги повикуваат наставниците на вакцинирање. Претходно се вакцинираше медицинскиот кадар, како и населението над 77 години. Кон средината на овој месец се очекува да пристигнат и поголеми и позначителни пратки на вкацини од разни производители меѓу кои и од руската „Спутник В“, истакна Премиерот Зоран Заев.
Лаура Стојанова М-Нет