Животните во ЗОО парк „Бриони“ под сенка со постојана промена на водата, посетеноста најголема за викенд

Живеалишта во сенка, замена на водата и хранење со лесна храна е начинот на кој животните во зоолошкиот парк во Штип се справуваат овој период со високите температури. Раководителот на ЗОО парк Бриони, Драган Стефановски вели дека секојдневно се менува водата по неколку пати во денот и предност е тоа што нивните живеалишта се сместени во сенка, па не се изложени директно на сонце.

„Постојано се користи замена на водата во текот на денот, предност во справувањето со топлите температури е тоа што живеалиштата односно локацијата е во сенка, така да животните не се изложени директно на сонцето. Воедно се користи и зеленчук кој задоволува дел од потребите за течност на животните.“ – изјави Стефановски

Додава дека штипјани постојано доаѓаат во ЗОО паркот и ги посетуваат животните. Но посетеноста најчесто е за време на викенд во сабота и недела во раните утрински часови.

„Посетеноста е во раните утрински часови, попладне е многу жешко и посетеноста се намалува. Сабота и недела за време на викендот во раните утински часови поголема посетеност.“ – додава Стефановски

Инаку ЗОО парк Бриони во Штип е отворен 2014 година и бројот на животини постојано се зголемува.

Лаура Стојанова, М-Нет