
Нов директор ќе добие и Клиничка болница во Штип. Според информации на М-Нет телевизија сегашниот директор доктор Ален Георгијев си поднел оставка. Оставката е поднесена во петокот на 12 јули 2024 година. Се чека да биде разрешен директорот од страна на Министерството за здравство, а потоа да се именува нов в.д. директор.
Во игра за директорската фотелја се доктор Владко Захариев, специјалист по неврохирургија, доктор Никола Костадинов физијатар и доктор Билјана Ефтимова анестезиолог.
Сегашниот директор на штипската Клиничка болница во директорската фотлја седна во 2017 година, прво како вршител на должност директор, а во 2019 година како медицински директор на болницата.
Лаура Стојанова М-Нет