
Само два бода е разликата помеѓу првопласираната Брегалница од Делчево која има 25 и Малеш од Берово кој собра 23 бодови. Судбината а и добрите игри на двете екипи сакаше да се состават во последниото есенско коло и да ја разрешат оваа ситуација, односно кој ќе презими на првото место на источната третолигашка фудбалска табела. Брегалница гази се пред себе, Малеш во изминатото коло киксираше дома играјќи нерешено со тимот на Карбинци, но традицијата вели дека кога играат екипи од овие два некогашни фудбалски источни центри неизвесноста за изходот е секогаш голема. Интересно ќе биде и во Свети Николе каде што Овче Поле е со големи амбиции и тие ја „меркаат“ шампионската титула и ги пречекуваат играчите на Спартмани. Со свои „математики“ се вмешува и екипата на Детонит која во Радовиш ќе го пречека тимот на Раклиш. Еве ги комплетните натпревари за ова последно 11 есенско коло:
1. Карбинци – Василево
2.Брегалница – Малеш
3. Овче Поле – Спартмани
4. Детонит – Раклиш
5. Хоризонт – Чешиново
6. Тиверија – Работник
Сите натпревари ќе се одиграат во недела 20 декември со почеток во 13 часот без присуство на публика.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk