
Во пресрет на големиот верски празник св. Никола, кој секоја година се празнува на 19 декември, а е партон празник на град Штип, се доделуваат традиционално награди и признанија. Годинава, за разлика од претходните години церемонијата се одвива во услови на пандемија, со мерки и протоколи за заштита од ширење на Ковид – 19, меѓутоа тоа не ја намалува во ниту еден случај свеченоста на настанот. Добитници на наградите за 19ти декември се:
– Мирко Наџаков, неговото име е симбол за врвен спортист, фудбалер, педагог, кој освен својата богата спортска кариера е автор и на повеќе од 700 страни стручна литература за современиот фудбал, тренинг, начин на подготовка и игра. Роден е на 5 август 1939 година.
– Барбареев Кирил, редовен професор на факултетот за образовни науки на УГД – Штип, Професор кој систематски работи на подигнување и зајакнување на системот за образование и професионален развој на воспитувачите и наставниците во државата. Роден е на 1 јули 19 1976 година.
– Жежова Катица, хуманист кој живее за мотото „Пред се биди човек“. Нејзината сестраност на полето хуманост, го надминува шаблонот хуманитарец, крводарител и досега има дарувано крв повеќе од 80 пати. Родена е 1958 година во Штип.
Орденот на св. Никола годинава му припадна на господин Михаил Данев, општественик, политичар и стручњак кој во својот ангажман и делувања одбележал речиси половина век во Штип и Македонија. Тој беше предводник на една генерација општественици во 70те и 80те години на минатиот век кој ја започнаа преродбата и модернизацијата на Штип. За време на неговиот мандат како претседател на Општина Штип, меѓудругото градот ги доби капиталните објекти новиот медицински центар, дом на културата, новата административна зграда на општината, новата здрага на библиотеката „Гоце Делчев“. Роден е на 1 јули 1941година.
Овие признанија и награди се доделуваат согласно одлуката на советот од 2009година. Во денешното излагање Вд. градоначалникот на Општина Штип, Јане Миланов, јавно им честита на добитниците на наградите и признанијата, а воедно и упати благодарност за нивниот ангажман, придонес и залагање за Општина Штип.
Лаура Стојанова М-Нет