
На едно коло до крајот од Првата футсал лига една екипа веќе е испадната и тоа многу порано испадна, Железарец кој некогаш беше и шампион на Македонија од следната сезона се сели во Втората футсал лига на Македонија.
Последното коло треба да го даде одговорот која ќе биде втората екипа која од следната сезона ќе биде второлигаш. Битката ќе се води меѓу Црна Река и Јувентус Серава, па така последното коло ќе даде одговор на оваа прашање.
Црна Река е на деветото место со 18 бодови или во зоната за директно испашање, а пак Јувентус Серава е на осмото место со 20 бодови. Што треба да се случи за опстанок на двете екипи.
Ако Јувентус Серава на домашен терен триумфира над Проект во тој случај Јувентус Серава останува во Првата футсал лига, без разлика на исхдото од градското дерби на Црна Река и Клими.
Екипата на Црна Река за опстанок зависи од два услови, треба Јувентус Серава да загуби, а пак Црна Река да го победи Клими, или евентуално Јувентус Серава да ремизира, а пак Црна Река да победи, бидејќи тимот од Кавадарци во меѓусебните дуели е подобар.
На првото соочување во рамки на 6. коло екипата на Црна Река беше подобра од Јувентус Серава со 4:9. На второто соочување во рамки на 15. коло Црна Река дома го доби Јувентус Серава со 5:3
Колку за потсетување на неколку кола до крајот Форца стана старо-нов шампион, откако ја одбрани титулата во првенството, а сега Форца оди на одбрана и на Куп титулата, каде во големото финале ќе се соочи со Осогово од Крива Паланка.
Александар Ванев, М-Нет