Еуромилк со „седумка“ чекори кон титула, БВК Коњаре до бодови без игра

фото: Еуромилк ГЛ

Со неколку ефикасни натпревари беше комплетирано 18. коло во Третата лига – Север, во кое лидерот Еуромилк ГЛ уште еднаш ја потврди доминацијата.

Еуромилк забележа убедлива победа од 7:0 против Башкими Љ. и продолжува со одличната сезона, во која има 17 победи и само едно реми. Со новите три бода, тимот се зацврсти на врвот на табелата и е главен фаворит за првото место.

Второпласираниот БВК Коњаре дојде до бодови без игра, откако Лопате 97 не допатува на натпреварот, па средбата беше регистрирана со службени 3:0.

Аеродром 2018 славеше на гостувањето кај Ржаничино со 2:1 и останува стабилен на третата позиција, додека Беса Скопје со 4:1 беше подобра од Студеничани.

Пчиња 2015 одигра убедливо и со 5:0 ја совлада Фортуна 1975, а во најефикасниот дуел Беса Сл. со 4:3 го победи Отља. Единствениот натпревар без голови беше меѓу Куманово и Кадино (0:0).

По ова коло, Еуромилк ГЛ води со 52 бодови, пред БВК Коњаре со 47, додека Аеродром 2018 е трет со 40 бодови.