Борец немилосрден со „осумка“, Превалец сигурен – ефикасно коло во Трета лига Југ

Со пет натпревари денеска беше одиграно 19. коло во Третата лига – Југ, кое донесе ефикасен фудбал и дури 23 постигнати голови.

Лидерот Борец 1919 продолжува со доминацијата и на домашен терен го совлада Ултрас со убедливи 8:0, потврдувајќи дека е главен фаворит за титулата. Тимот од Велес сигурно чекори кон првото место со само еден пораз оваа сезона и импресивна гол-разлика.

Вториот на табелата, Превалец, славеше на гостувањето кај Росоман 83 со 2:0 и останува во чекор со лидерот, иако разликата на врвот останува значителна.

Убедлив настап имаше и Венец, кој со 6:1 го совлада Млекар, додека Питу Гули запиша гостинска победа од 3:1 против Бучин. Во преостанатиот натпревар, Башкими 2008 со 2:1 ја совлада Тополка на гости.

По ова коло, Борец 1919 е лидер со 49 бодови, пред Превалец со 43, додека Венец се наоѓа на третата позиција со 37 бодови.

Во долниот дел од табелата продолжува неизвесната борба за опстанок, каде повеќе екипи се во тесна конкуренција.