
Екипата на Арсими денес во Прилеп одигра пријателски натпревар со Победа и истиот го доби со високи 0:3.
Одличен натпревар за екипата предводена од Вилдан Салиу, која до триумфот стигна преку погодоци на Шпенд Асани, Енсар Љума и новото засилување Аљбин Рамадани.
Прилепска Победа одигра уште еден катастрофален натпревар, иако се работи за пријателски натпревар каде екипите работат во воигрување и подигање на формата, сепак ова е јасен знак дека Победа ќе води тешка борба за опстанок, особено по заминувањата на неколкуте фудбалери и најавите за нови заминувања.
Ланскиот прволигаш од Прилеп заврши во долниот дел на табелата во Втората лига, а во пролетната полусезона прилепчани ги очекува тешка борба за опстанок.
Александар Ванев, М-Нет