Етапно ќе се решава проблемот со старата водоводна мрежа во Штип, десетици улици ќе се реконструираат

Улиците „Коле Неделковски“, „11 октомври“, „Борис Кидрич“, „Борко Талев“, „Цветан Димов“, „Широк дол“ и „Цвета Јованова“ се на списокот улици кои треба да бидат реконструирани, и на истите ќе бида променета водоводната мрежа. Првиот човек на град Штип, вели дека етапно ќе се работи на рекострукција на старата водводна мрежа со цел во летните периоди да не доаѓа до чести дефекти и стара слика како и изминатите години.

„Етапно верувам дека можеме најголем дел од проблематичните и дотраени водоводни линии да ги промениме, да ги реконструираме, да ги обновиме. Тие се нотирани од страна на јавното претпријатије, станува збор за десетици улици кои треба да бидат реконструирани. Освен реконструкцијата што ќе ја врши јавното претпријатие за динамиката да оди побрзо ние одлучивме и со економски оператор го направиме тоа.“ – вели Јорданов.

Јорданов повторно нагласи дека на парламентарните избори штипјани ќе одлучуваат и дополнително дали се согласни парите од самопридонесот да бидат искористени за реконструкција на страната и дотраена водоводна мрежа, со што градот ќе биде подобро место за живеење.

„На првите непосредни парламентарни избори ќе бидат запрашани граѓаните на Општина Штип со дополнително прашање дали сакаат парите од самопридонесот да бидат искористени во реконструкција на старата и дотраена водоводна мрежа и линија. Ова е планот и стратегијата на кој начин ќе се подобрат условите за живеење на граѓаните во Општина Штип и ќе се намалат честите дефекти на водоводната линија“ – додаде Јорданов.

Во Штип проблемот со чести дефекти и прекини во водоснабдувањето е проблем кој се решава со години наназад.

Лаура Стојанова М-Нет