
Европското првенство во Фудбал полека, но сигурно влегува во својата завршница со четири селекции кои можеби на почетокот не фигуриираа помеѓу водечките фаворити. Од 24 репрезентации отпаднаа 20 меѓу кои и фаворизираните Германија, Франција, Холандија и Португалија. Во оваа прилика ќе ја споменеме и селекцијата на Македонија која застана на 23 позиција со огромна популарност, респект и симпатии како кај противниците така и кај фудбалските симпатизери. Историскиот пласман си донесе свои бенефиции со афирмација на самите играчи, но особено печат или белег на ова првенство оставија нашите навивачи. Главниот град на Романија Букурешт пет дена беше „окупиран“од околу 5000 македонски навивачи кои покажаа и докажаа како се сака татковината, како достоинсттвено се навива и како се бодрат, храбрат и подржуваат македонските репрезентативци. Во Амстердам пак повеќето македонски навивачи беа од европските земји кои „наоружани“ со навивачки реквизити и декорирани во македонски стил дадоа до знаење на Холандија дека нашите фудбалери се исклучително тврд залак и можеби од тој натпревар започна холандската елиминација.
Вечерва на стадионот Вембли ќе се одигра првиот полуфинален натпревар помеѓу Италија и Шпанија. За разлика од порано италијанската репрезентација предводена од селекторот Роберто Манчини делува мошне мотивирано, почнувајќи од химната која просто го дигнува човек во облаци, работи како најсовршен швајцарски часовнички мехамизам во кој до израз доаѓаат квалитетите на сите поединци почнувајќи од голманот Џанлуиџи Донарума. За разлика од нив шпанската селекција предводена од селекторот Луис Енрике делува малку заморено поради поголемите „работни часови“ на теренот што доведува до уфрлање во игра на млади капацитети кои пак немаат многу искуство во своите нозе. Затоа Италија ќе биде благ фаворит вечерва на Вембли, но знаејќи дека топката е округла па затоа се е можно а најважно од се е да проследиме фер, коректен и фајтерски натпревар зачинет со највредното – головите.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk