Царовска им упати порака и им посака среќа на деветоодделенците и матурантите

Министерката за образование и наука со порака до идните средношколци и студенти да продолжат да го следат нивниот пат и да бидат по успешни. На својот фејсбук профил Царовска напиша.
„Драги матуранти и полуматуранти, честитки за успешно завршените матурски и полуматурски испити. Верувам дека секој од вас ќе продолжи со школувањето и стекнувањето на нови знаења и вештините. Учењето е најисплатливата инвестиција во животот затоа што тоа ве подготвува за сите големи предизвици во животот. Затоа создаваме современ и квалитетен образовен систем кој ќе ви овозможи услови за напредок и развој.“

Таа додаде дека годинава која измина претставуваше вистински предизвик за сите вклучувајќи ги овде ученисицте родители но и наставниот кадар. И во време на пандемија учебната година е успешно завршена што значи дека на предизвикот му е соодветно одговорено.

„Сегашните генерации на ученици, наставниците и родителите, институциите на системот, сите заедно покажавме дека образованието може да тече и на еден поинаков начин на каков не сме биле навикнати досега, а на кој бевме приморани поради појавата на пандемијата. Сепак, наставата во училница нема друга подобра алтернатива и правиме сé за тоа да се случи од септември. Но, одговорноста за тоа да се случи е на сите, секој поединец мора да се грижи за сопственото и за заштита на јавното здравје. Така ќе ја победиме пандемијата и ќе ги вратиме учениците таму каде што и припаѓаат.“ – додаде Цраовска.

Таа им посака среќа на сите учениците бидејќи како што напиша учењето е најлесната работа во животот.

Лаура Стојанова М-Нет