
Штетни по здравјето, многу скапи и предизвикуваат завист. Цигарите се едни од најкористените, но и наштетни во светот. Секојдневно се зголемува бројот на пушачи, а парите ги трошат непотребно велат анкетираните штипјани. Воедно сега во тренд се и електорнските цигари за кои штипјани велат дека се уште поштени од обичните.
„Ногу е скапо со оглед на платите што ги зимаме цигарите се претежнос скапи.Па затоа што сме зависни и тешко е да се откажеме, предизвикуваат завист и многу тешко е да се откажеме и јас сакам да се откажам ама неможам единствено финансиите. Затоа што немаме доволно финансии да си купуваме се што ни е потребно. Па мислам дека не е добро да пушат уште од најмала возраст, само сега такво е времето не само што пушат, консумираат и забранети супстанци, системо е таков тоа го наметнува.“- изјавиа штипјани
Може да се заштедат пари и се има затоа што месечно се давваат по најмалку 3500 денари за цигари кои се непотребно потрошени.
„Јас мислам дека се штетни. Електронските се поштетни од оние обичните цигари. Може да се заштеде и тоа доволно може да се заштеде за тоа што денеска ефтини цигариња од кутија од 120-130 нема. По една кутија да пуше за 30 дена тоа е 3500 денара месечно, значи има пари само треба да се води сметка. Или домашното воспитание или сеа тука да се ставе некој ред во државата неможе. Родителот треба да го воспита детето да не пуше дека е штетно. Не тоа треба да се забране, тоа треба да се забране на малолентик да не му се доволува цигариња со закон со уредба некоја. Како за кладилниците што неможе да улезе до 18 години така треба и за цигарињата.“ – додаваат штипјани
Другиот проблем е во тоа што на младите им дозволуваатда купуваат цигари во продавница па тие уште од мали нозе се зависници. Штипјани велат дека истото треба да се забрани со закон и да не им се дозволува на младите да купуваат цигари како што не дозволуваат на лица под 18 години да влегуваат во кладилница. Но единствениот виновник е родителот и домашната култура за која децата се воспитуваат и учат од мали нозе.
Лаура Стојанова, М-Нет