„Биди хуман како Тоше“ е мотото под кое се реализира денешната крводарителска акција во Дом на млади-Штип

Денес во „Дом на млади“ во Штип е организирана крводарителска акција во чест на Тоше Проески со мотото биди хуман како него. Крводарителската акација започна во 10 часот и ќе трае во текот на денот. Оттаму упатуваат апел до сите граѓани да се вклучат во акцијата со цел да се спаси нечии човечки живот.

„Денеска во дом на млади, во чест на Тоше Проески се организирани многу активност, од кој и крводарителската акција, бидејќи тој беше голем хуманитарец. Крводарителската акција започна во 10 и ќе трае до 16:00 часот. Ги повикуваме сите дарители да ни се придружат за да го одбелеѓиме овој ден“- вели доктор Моника Стоилева

До овој момент докторката Стоилева вели дека има луѓе кои хуманоста ја истакнуваат на дело, а во текот на денот очекуваат бројот на крводарители да се зголеми.

„Како за почеток до сега сме задоволни од излезеноста и очекуваме многу повеќе дарители во текот на целиот ден“- додава Стоилева

Хуманоста е пројава за љубов кон човекот со цел да се спаси нечии живот. Хуманоста е солидарност која често Тоше знаеше да ја покаже. Неговото мото денес, натера многу граѓани да го покажат тоа и да купат карти вечерва за спектакуларниот концерт во негова чест. Вечер најпрво ќе се промовира филмот, а потоа продолжува концертот на кој ќе се претстават 15 пеачи.

Лаура Стојанова, М-Нет