Екипата на Фенербахче е освојувач на турнирот „Црнилиште Куп 2023“, второ место за Фасада Чајник

Заврши турнирот во мал фудбал „Црнилишта Куп 2023“, турнир кој важи за еден од најголемите и најдобро организирани во Македонија.

Публиката секоја вечер уживаше во одличните натпревари, во фудбалската мајсторија, во одличните погодоци и перфектните голмански интервенции, многу пресврти во резултатите, многу возбуда и неизвесни моменти до последниот судиски свиреж.

Во големото финале кое се одигра пред публика која броеше над 1.000 присутни екипата на Фенербахче со резултат од 0:2 славеше над Фасада Чајник.

Финалето се играше во одлична атмосфера со возбудливи моменти. Многу неискористени шанси и одлични интервенции на голманите. Публиката „гореше“ и уживаше во двата погодоци кој беа доволни за триумф на екипата на Фенербахче и освојување на пехарот.

Во натпреварот за трето место екипата на Ва-Ен Травел беше подобра и го освои третото место, а пак на четвртото место заврши екипата на Хана Декор.

Телевизија М Нет беше медиумски покровител на овој спортски настан.