„Петровден 2023 Мешеишта“: АСП Пак со убедлива победа од ОСУМ гола, победа за Гостилница кај Мече

Синоќа беа одиграни четири натпревари од групната фаза на турнирот во мал фудбал „Петровден 2023“ во Мешеишта.

Вечерва беше отворена со мајсторката која заврши со минимална победа од 0:1 за екипата на Стаклара Исмајлоски во дуелот со Арена Мислешево. Во вториот меч Тороман Мешеишта беше подобра екипа во дуелот со Вис Пој со 3:0.

Во третиот натпревар Тороман Мешеишта претрпе пораз од екипата на Гостилница кај Мече со резултат од 1:2. Четвртиот натпревар донесе многу погодоци кои предизвикаа дополнително уживање кај публиката која одново го исполни целиот терен. АСП Пак со 8:5 прокнижи голема победа во дуелот со Еко Шпар.

Вечерва се играат последните натпревари од групата фаза од турнирот во Мешеишта, по што ќе започне елиминационата фаза.

Вечерва ќе биде отворена во 20:00 со дуелот меѓу Стаклара Исмајлоски и Подгорка (мајсторка), во 20:45 часот играат Сатеска и Камионски делови Бос, во 21:45 Тороман Мешеишта ќе се соочи со Др. Баткоски, а на програмата во 22:45 часот е последниот меч помеѓу Ресторан Станица Викса Пром и Пекара Лихнида.

Телевизија М Нет е медиумски покровител на овој спортски настан кој се одржува традиционално по 48. пат во Мешеишта.