Екипата на Саса со победа против Кит Го се врати на победничкиот колосек

Снежните наноси и обилните дождови беа причина за одложување на неколку второлигашки натпревари во Источната и Западната група. На Истокот се одложија средбите во Радовиш, Детонит – Осогово и во Гевгелија средбата Кожув – Братство. Во преостанатите три средби беа постигнати дури 8 голови, а најсладок беше единствениот гол на „градски“ во Штип со кој „рударите“ со песна заминаа за Македонака Каменица. Лошото време и ледениот дожд не беа причина на играчите на Кит Го и на Каменица Саса да прикажат допадлива, брза, динамична и до крај неизвесна игра. Имаше многубројни шанси на двете страни, имаше стативи, но падна само еден гол кој беше вреден големи три бода за Каменица Саса. Стрелец на единствениот гол беше штоперот Виктор Марковски во 44 м. а стрелците од одбранбените редови најмногu се радуваат на ваквите ретки ситуации, со што неговиот тим се врати на победничките патеки и бодовно се доближи до екипите на Победа и на Слога. Слога денес загуби во Струмица а Победа мина лесно со Локомотива. Еве ги комплетните резултати од денешното последно есенско коло:

  1. Кожув – Братство – Одложено
  2. Кит Го – Каменица Саса 0:1
  3. Беласица – Слога 3:0
  4. Детонит – Осогово Одложено
  5. Победа – Локомотива 4:0

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk